Пред некое време излезе македонскиот превод на книгата „Дневник од Гвантанамо“ од Мохамеду улд Слахи, во издание на „Полица“. Всушност, книгата кај нас се појави во исто време со филмот „Мавританецот“, снимен според вистинската голгота на Мохамеду. Додека ја читам, онака, од ќеиф, си преведов едно интервју со него, направено...
Научната фантастика честопати е опишана, па и дефинирана, како екстраполативна. Писателот на научна фантастика треба да земе еден тренд или феномен од „сега и тука“, да го прочисти и да го интензивира за драматичен ефект, како и да го продолжи во иднината. „Ако ова продолжи, ова е тоа што ќе...
Пред околу две-три години тројца млади актери, Ангела Стојановска, Христијан Поп-Симонов и Васко Костовски прават анкета меѓу младите средношколци за да ги видат причините за намалениот просек на нивните оценки на државно ниво. Резултатите до кои доаѓаат покажуваат дека средношколците имаат проблем со читањето и желба за користење на аудиокниги....
Интересни сме ние луѓето. Кога не би ни биле достапни книгите, би плачеле или би се тепале за нив. Денес кога квалитетни книги има колку сакаме околу нас, на луѓето како да не им требаат. Така е, живеењето во (сè) поголеми градови ни јаде голем дел од времето што би...
Месецов во издание на „Или-или“ излезе најновата, седма збирка поезија на Лидија Димковска, „Гранична состојба“. Со Лидија успеавме да поразговараме кратко по излегувањето на збирката и малку пред нејзиното доаѓање во Скопје за промоцијата на книгата. Концептот на интервјуто се засноваше на седум зборови кои ми се наметнаа како најподатливи...