Ирене Сола е млада каталонска писателка, родена во 1990 година. Нејзиниот книжевен свет, сместен во книгата „Пејам јас и планината танцува“, е толку игрив и исполнет со живот - со случувања во пазувите на Пиринејските Планини во текот на неколку генерации, со судбините на луѓето и на животните и со...
Матијас Наврат е германски писател со полско потекло, кого го запознав преку единствениот негов роман преведен на македонски, „Тажниот гостин“. Врз основа на начинот на неговото раскажување во романот, впечатокот за него ми беше дека Матијас е мислител. Длабочината на неговите идеи беше видлива и на промоцијата на книгата што...
(кон Скопје во високата зона на Калина Малеска) Првичниот читателски впечаток при средбата со збирката Скопје во високата зона (2021) на Калина Малеска е впечатокот за нејзината разнородност, видлива и во однос на наративните постапки употребени во структурирањето на текстовите и во однос на жанровските (расказни, поетски, микрофикциски, дистописки, утописки,...
Не се сеќавам другпат да ми се има случено едноподруго да прочитам две различни, а во суштина многу слични книги, како романите „Тажниот гостин“ од Матијас Наврат и „Пеам јас и планината танцува“ од Ирене Сола. Минатата недела дознав дека двајцата писатели доаѓаат во Скопје овој викенд, па посакав да...
Со Петар Андоновски, за мене Пеце, се знаеме речиси пола живот. Од факултетските денови, кога речиси секој ден бевме заедно, до денес, кога се гледаме поретко отколку што сакаме, муабетите ни течат како никогаш да не прекинале. И, еве, по вторпат, тие лично-книжевни муабети ги правиме во официјална форма на...