Posts Tagged ‘литература за деца’

Искра Димковска: Со соработниците градиме свет и тоа ми е свето

Издавачката куќа „Сказнувалка“ е едно од оние мали места на радост на нашата книжевно-културна сцена. Во изминативе години имам пишувано за неколку книги во нивно издание, затоа што секоја што сум ја прочитала (сликовница или роман за деца) ми биле од-лич-ни. Искра Димковска, жената што стои зад издавачката куќа и...

Што ја прави една сликовница добра?

Пишува: Искра Димковска, преведувачка и уредничка на издавачката куќа „Сказнувалка“ Во секојдневието на мојата петгодишна ќерка постои Сиси. „Сиси е пантер, ама и сѐ друго.“ Лета побрзо од птица, трча побрзо од гепард, се преобразува од еден вид во друг. Леа, ќерка ми, често оди да преспие кај неа. Учат...

„Беззборовната Ела“ што остава без зборови

(осврт кон сликовницата „Беззборовната Ела“ од Викторија Патрашку со илустрации на Кристијана Раду; превод од романски: Лидија Димковска; издавач „Чудна шума“, 2024 г.) Какви ли сè можат да бидат зборовите? Храбри и празни, убави и грди, кротки и утешителни или неодлучни и срамежливи; воинствени, остри, бучни и незауздани или тивки,...

Сликовница за најубавата планета на светот

(осврт кон сликовницата „Каде е мојот дом?“ од Сезен Аксу Ташјурек; превод од турски: Васко Марковски; издавач „Чудна шума“, 2023 г.) Имам неполни 7 години и сум прво одделение. Учиме за есента, а јас се пријавувам да нацртам на хамер плодови што ги собираат шумските животни. Бидејќи воопшто не ме...

Владимир Мартиновски: Дури има луѓе ќе има и книжевност

Владимир Мартиновски. Кога го спомнувам името на мојот професор од факултетските денови, не чувствувам потреба од дополнително претставување. Верувам дека сите што треба – го знаат добро. На моја голема радост, со него ја почнувам серијата интервјуа во соработка со Europe House. Ден пред да замине за Софија, каде што...