Posts Tagged ‘поезија’

Парада на тихувањето

Овој град мириса на зачмаеност овој град мириса на врела крв. Асфалтот гори од украдени детски сонови, Ние сме идеална драмска ситуација: вистинската генерација, ама погрешни места и денови Дрвјата преку ноќ се ничкосуваат, ко што ги даваме годините на вересија а за возврат фино спакувана депресија болест на новото...

Лидија Димковска: Злото е многу поудобно од добрината

Месецов во издание на „Или-или“ излезе најновата, седма збирка поезија на Лидија Димковска, „Гранична состојба“. Со Лидија успеавме да поразговараме кратко по излегувањето на збирката и малку пред нејзиното доаѓање во Скопје за промоцијата на книгата. Концептот на интервјуто се засноваше на седум зборови кои ми се наметнаа како најподатливи...

Да се раскажува градот (Џевад Карахасан)

Раскажувачката авторска проза нераскинливо е врзана за градот, како историски, со своето настанување, така и технички, со условите кои се неопходни за постоењето и нормалниот живот на раскажувачката книжевност. Таа книжевна форма се јавува дури во зрелиот хеленизам, како т.н. грчки љубовен роман, при крајот на вториот и првиот век...