Парада на тихувањето

Овој град мириса на зачмаеност
овој град мириса на врела крв.

Асфалтот гори од украдени детски сонови,
Ние сме идеална драмска ситуација:
вистинската генерација,
ама погрешни места и денови

Дрвјата преку ноќ се ничкосуваат,
ко што ги даваме годините на вересија
а за возврат фино спакувана депресија
болест на новото време – пренесуваат.

Депониите ни дојдоа на прагот,
од сè што мислеа дека нема да се врати
сега се сврти и налет, ни затропа на врати.
Дали, пак ќе никне убав градот?

Разочарана генерацијо во тих гнев,
ова не беше финалето за кое трениравме,
Рекордот на разочарувањето го надминавме
Носталгијата е крива, ех јас кога бев…

Сонцето заоѓа во боите на исчекувањето,
со вредностите кои не постојат,
погледи што не можат да достојат.
Легни си, ништо нема да смени размислувањето.


Насловна фотографија: Josh Hild од Pexels

Марија Митева

Авторка на „Највисокото дно“.

Што мислиш ти?