Posts Tagged ‘современа македонска книжевност’

Годинава добро, догодина уште подобро!

Веројатно сите што ме знаат знаат и дека минатата недела ја поминав на Саемот на книгата во Франкфурт. А сите што ме знаат подобро, знаат дека многу се вложував во тоа цело лето и ненормално премногу трите недели пред почетокот на саемот. Толку многу што кога стигнав во Франкфурт, на...

Петре пред и по „Книга за Петре“

Во купчето книги што ги спакував за да ги читам на одмор, првата беше „Книга за Петре“, книгата што ја добив како подарок од нејзината приредувачка, Оливера Ќорвезироска. И како сè да ме влечеше и да ја фатам прва и да ја исчитам уште првиот ден, за да ја мислам...

Владимир Лукаш: Пишувам епитафи – поволно!

Познатата детска песничка „Ени, мени, сени“ со една буква плус се најде во насловот на последната книга за возрасни на мултимедијалниот уметник Владимир Лукаш. „Гени, мени, сени“ е роман за гените - за „потеклото на бабите“, како што стои и во неговиот поднаслов, за семејната историја фрагментарно подраскажувана преку навраќање...

Фросина Пармаковска: Отсекогаш сакав да напишам магично-реалистичен роман

Пред точно два месеци излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска, „Сè уште можам нешто да сторам“. Го земате романот и како мало дете кое му верува на топлиот исповеден тон, му го подавате рачето на нараторот и му дозволувате да ве води низ мрачните лавиринти на свеста на...

Живко Грозданоски: Чест е да се биде повикан на некои патувања

Годинава во најтесниот круг за наградата Роман на годината влегоа четири романи, меѓу кои и „Писмо за Глорија“ на Живко Грозданоски. Читајќи ја, сфаќав дека со оваа книга Живко прави голем исчекор во пишувањето и особено воочлив ми беше неговиот напредок како писател. Но, колку што бев позитивно изненадена од...