Posts Tagged ‘збирка поезија’

Љубица Шопова: Им пркосам на егзактностите со нивната терминологија

Минатиот месец издавачката куќа „Илика“ ја објави збирката поезија „Надвор од единиците мерки“ на Љубица Шопова. Тоа е поезија произлезена од офкањата на телото кои не ги слуша никој освен умот, од списокот неостварени желби многу подолг од списокот за пазарување, од потребата да се крикне гласно дека човекот не...

Биљана Стојановска: Секогаш поезија!

Повремено ми влегува во сонот додека летам, ми мавнува шлаканица и ме буди Овие стихови ве пречекуваат на влезот во поетската збирка „Додека спиеш“ на Биљана Стојановска и на прва, без многу заобиколување, ги покажуваат клучните зборови врз кои се базира концептот на збирката - сонот, летањето, шлаканиците на животот....

Марија Митева: Одбирам да верувам во младата генерација којашто сонува

Кои ви се првите асоцијации кога ќе помислите на ноќта? Веројатно ќе се сетите на несониците во ситните саати од возбуда или стрес, можеби ќе ви заѕвонат стиховите на Пети Смит дека ноќта им припаѓа на љубовниците или ќе ви излезе пред очи ѕвезденото небо на Ван Гог. Тука е...

Васко Марковски: Во Скопје можеш да излезеш по јогурт и да се вљубиш во Јапонка

Васко Марковски. Туристички водич, поет, преведувач, фотограф, репортер, музичар. Ама и „дегустатор на автобуси, на денови, на разговори, на пенкала и тефтери, на незнајни молитви, на фотогенични маала, на свирачки комбинации, на нови сетинзи, на надмината омраза, на сезонски преобразби“ и на што ли уште не. Неодамна излезе од печат...