Posts Tagged ‘современа македонска книжевност’

Билјана Црвенковска: Најголем предизвик за малите издавачи е да се опстане

Пишува книги за деца и книги за возрасни, издава книги за деца и за возрасни, постојано е актуелна со тоа што го работи и веќе со години го длаби патот за промоција на македонската книжевност надвор од границите на нашата земја. Во пресрет на Саемот на книгата, настанот кој на...

Годинава добро, догодина уште подобро!

Веројатно сите што ме знаат знаат и дека минатата недела ја поминав на Саемот на книгата во Франкфурт. А сите што ме знаат подобро, знаат дека многу се вложував во тоа цело лето и ненормално премногу трите недели пред почетокот на саемот. Толку многу што кога стигнав во Франкфурт, на...

Петре пред и по „Книга за Петре“

Во купчето книги што ги спакував за да ги читам на одмор, првата беше „Книга за Петре“, книгата што ја добив како подарок од нејзината приредувачка, Оливера Ќорвезироска. И како сè да ме влечеше и да ја фатам прва и да ја исчитам уште првиот ден, за да ја мислам...

Владимир Лукаш: Пишувам епитафи – поволно!

Познатата детска песничка „Ени, мени, сени“ со една буква плус се најде во насловот на последната книга за возрасни на мултимедијалниот уметник Владимир Лукаш. „Гени, мени, сени“ е роман за гените - за „потеклото на бабите“, како што стои и во неговиот поднаслов, за семејната историја фрагментарно подраскажувана преку навраќање...

Фросина Пармаковска: Отсекогаш сакав да напишам магично-реалистичен роман

Пред точно два месеци излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска, „Сè уште можам нешто да сторам“. Го земате романот и како мало дете кое му верува на топлиот исповеден тон, му го подавате рачето на нараторот и му дозволувате да ве води низ мрачните лавиринти на свеста на...