Posts Tagged ‘Марија Гиревска’

Не за џабе Салвадор Дали чекореше во скафандер во Лондон!

На 15 април 2024 година, во аулата на Филолошкиот факултет, во чест на стогодишнината од надреализмот, се одржа Големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924-2024“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ. На обвинителните столчиња седнаа авторите со својата одбрана, во состав: Гоце Смилевски (бранител) и Владимир Јанковски...

Марија Гиревска: „Џакомо Џојс“ е збирка епифании за една љубов

Сите што го сакаат Џојс, деновиве имаат нова причина за радост. Недовршеното дело „Џакомо Џојс“, најдено како ракопис од страна на неговиот брат Станислав и објавено за првпат во 1968 година, доби свој превод на македонски. Преводот е на Марија Гиревска, која пред една деценија го направи големиот животен потфат...

100 години Улис: книгата што стана мит

Интелектуалната имагинација! Со сѐ што е во мене или ништо од мене. NON SERVIAM! (U 15.4882)   Храбрите жени што му помагаа на Џојс Пред сто години, на 2 февруари 1922, на четириесеттиот роденден на Џејмс Џојс, во својата мала париска книжарница, „Шекспир и Компани“ (Shakespeare and Company), сместена на...

Марија Гиревска: Македонскиот превод на „Улис“ го има во најзначајните светски џојсовски колекции

Кога ќе го исчитате „Улис“ на својот мајчин јазик и кога ќе се изнауживате фаќајќи ги финесите кои можат да се уловат со првото читање, не можете а да не сте му бескрајно благодарни на тој што Џојсовите интелигентни јазични играрии, кои го сочинуваат најголемото книжевно дело на 20. и...