Posts Tagged ‘роман за млади’

Катрине Недрејурд: Понекогаш мораш да ризикуваш за да пораснеш како личност

Катрине Недрејурд е норвешка писателка, чиј роман за млади „Пушти ме“ го читав неодамна. Станува збор за современа приказна во која главен лик е младата Ана, која го живее животот како сенка на нејзината другарка Аманда, која е наметлива, снаодлива и популарна. Но, и голема лажга, како што се шушка....

Штефани Хефлер: Сакам читателите да добијат чувство на враќање дома во романот

Ова е едно необично направено интервју, кое не се случи во живо, ниту по целосно пишан пат. Како што вели Штефани, интервјуто се одвива меѓу две земји и по два канали – по испратени напишани прашања од моја страна, таа ги испрати своите одговори во видео формат. Германската писателка Штефани...

Ана Хоглунд: Со книгата сакав да направам нешто за сите девојчиња

„Ова е книга што би сакала да ја имав кога имав 14 години. Тогаш немав зборови за тоа што го чувствував и искусував. Ама имав многу силно чувство дека нешто беше многу неправедно. И тоа е тоа што ми е заедничко со девојката во книгата, а и со ќерка ми.“...

Наспроти бескрајното црнило на ништотноста

(осврт кон книгата „Од работ на ништотноста“ од Корине Дејвис; превод од холандски: Ели Пујовска; издавач „Три“, 2024 г.) Да бидам искрена, одамна немав размислувано што би значело на Земјата да се случи некоја катаклизма од планетарни размери. Се сеќавам, како дете гледав филмови со апокалиптични сценарија и често ме стресуваа...

Кога ќе те засени големата црна птица

(осврт кон романот „Големата црна птица“ од Штефани Хефлер; превод од германски: Ксенија Чочкова; издавач: „Чудна шума“, 2024 г.)   Кога по погребот на мајка ми за првпат на креветот најдов нејзино влакно, тоа толку длабоко ме погоди и како во тој момент вистински да сфатив дека ја нема, дека...