Posts Tagged ‘книжевен превод’

Лидија Танушевска: Фасцинацијата од делата ми е мотивација за книжевните преводи

Лидија Танушевска е професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и врвна книжевна преведувачка од полски на македонски јазик. Преку нејзините преводи ги запознав делата на Олга Токарчук, но и полската репортерско-документаристичка проза, кои се подароци од посебен вид за читателите на македонски јазик. На 2 октомври таа беше прогласена за...

Кристина Е. Крамер: Книгите за превод ме наоѓаат мене

Кристина Е. Крамер е славистка и македонистка, универзитетска професорка од Торонто, Канада, која веќе неколку години е во пензија. Меѓутоа, нејзината неуморна работа на превод на дела од македонската книжевност со годините само како да се засилува. Крамер досега има преведено многу книги од македонски автори, меѓу кои се делата...

Бенјамин Лангер: Да преведуваш од македонски на германски значи да бидеш и агент

Бенјамин Лангер е преведувач од македонски на германски, кој изминатите години со своите преводи изгради мало прозорче низ кое читателите на германски можат да погледнат во македонската книжевност. Тој има преведувано дела на Влада Урошевиќ, Румена Бужаровска, Гоце Смилевски, Бранко Цветкоски, Дејан Трајкоски..., а неговиот превод на класичниот роман „Пиреј“...

Ана Пејчинова: Препевот е како фина резба во јазична скулптура

Пред некое време в раце ми падна новата книга „Избрана поезија“ од Радјард Киплинг во издание на „Полица“, која само што ја отворив сфатив дека е нешто сериозно. Ценам кога за приближување на авторот и делото, во книгата има добар предоговор или поговор, а и кога ќе видам дека тој...

Владимир Јанковски: Ако нема страст за другиот нема ни култура

Владимир Јанковски е човек што ја дише книжевноста. Долгогодишен уредник во македонското издаваштво, познавач на книжевните состојби во земјава, во регионот, па и во светот и преведувач кој на македонски има преведено еден куп книги од многу значајни автори. Владимир е човек со особен интерес ја истражува темата на градот,...