50 авторки и 50 дела за 8 март

Пишува: Петар Андоновски, писател
Пораснав со жени. Со мајка ми и сестра ми, со двете баби кои беа вдовици уште пред моето раѓање. Во речникот на моето детство нема тешки зборови како: карбуратор, шрафцигер, ауспух… Во речникот на моето детство има премногу: свила, жоржет, порцелан со ликот на Марија Терезија… Жените имаа големо влијание во мојот развој и како човек и како писател. По повод денешниот ден направив список со педесет авторки и дела кои во одреден период од животот врз мене извршиле некакво влијание. Редоследот е случаен, а списокот не е конечен…