Наставен план за Факултетот за компаративна ирелевантност* (Умберто Еко)

Отсек за оксимороника

Цигански урбанизам
Муслиманска енологија
Фонетиката на немиот филм
Браева иконографија
Револуционерни институции
Франко-германски јазици
Урало-меланезиски јазици
Угро-романски јазици
Селенитска хидрографија
Парменидова динамика
Хераклитова статика
Тибетанска океанологија
Сидерална микроскопија
Гастро-офтамологија
Византиско спартанство
Девијантни институции
Институции на масовна аристократија
Институции на национална олигархија
Историја на новите традиции
Елементи на стареење во моментот на раѓање
Тавтолошка дијалектика
Булова еристика

 

Отсек за невозможното

Богатството на етрурскиот јазик во Средниот век
Морзеова информатика
Историја на антарктичкото земјоделство
Историја на Соединетите Американски Држави во хеленистичката епоха
Историја на сликарството на Велигденскиот Остров
Современа сумерска книжевност
Инститиции на монтесоријанските докимологии
Психологија на масата во пределите на Сахара
Феноменологија на хроматските вредности
Христосовиот покрив
Историја на палеолитското сликарство
Историја на земјоделството во јура епохата
Историја на семејните институции кај темпларите
Анатомија на африканските тигрици
Асиро-вавилонска филателија
Ацтечките коњски трки
Технологија на тркалото во претколумбовските империи
Терапија со аерофагија при бесење
Синтаксичко свирење на цревата
Фонологија на паузата
Отсек за византологија
Хидраулична кефалоктомија
Феноменологија на гласовниот удар во данското фелацио
Семафорика на тројните и четворните раскрсници
Микроскопија на нераспознатливото
Психотерапија на ненормалните целини
Теорија на деловите (дополнување на теоријата на целината)
Основна сметка (дополнување на сублимната калкулација)
Рафинирана сметка (дополнување на интегралната сметка)
Зермелова историја на очигледноста
Постапка за исклучување на третата можност
Неформална логика
Историја на Рајнините извори
Ars oblivionalis
Историја на философијата на претсократовците
Археологија на археолошките институти
Географија на Ватикан
Дополнување на дополнувањата
Историја на колониите на кнежеството Монако
Историја на Акбарите

*Студентите можат да добијат Диплома за компаративна ирелевантност ако положат 18 испити од предметите кои меѓу себе воопшто не се поврзани. За испит е потребна библиографија од шеесет наслови по предмет, секоја на име на кандидатот. Не е потребно насловите да одговараат на расправата, ниту таа да одговара на насловот. Библиографијата треба да биде изработена во согласност со печатарските критериуми на издавачот „Мутон“ од Хаг.

Наташа Атанасова

...

Што мислиш ти?