Ами, здраво 🙂 Јас сум Наташа.

Блен.мк е мојот веб-дом.

Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце – порта наjвисока,
срце – куќа наjширока.

Вака пееше мојот сограѓанин пред помалку од еден век. Куќа и јас немам направено, не живеам повеќе во родниот град, но затоа мојот дом е мојот свет во кој имаш можност да ѕирнеш шарајќи низ Блен.

Гледам дека почнувам да претерувам со веселава азбука од почетните букви, па си велам да ја разбушавам 🙂

Зошто Блен.мк?

  • Затоа што сметав дека треба некаде да бидат достапни и денес сите текстови што сум ги пишувала или преведувала низ годините, а кои во најголема мера беа објавувани на веб-места кои веќе ги нема (kuckamen.com и magazine.antoris.mk);
  • За да ги прашам луѓето што ја сакаат и создаваат книжевноста (и малку подалеку од неа) за работите што ме интересираат и што мислам дека би ги интересирале и други луѓе со слични интереси;
  • За да научиме повеќе за нашата македонска книжевност, култура и традиција, за нашето МАКЕдонско макоНДО;
  • За да можеме да видиме до каде сме во споредба со регионот, со светот;
  • И последно, и можеби најважно, за да ја одржувам во живот поговорката: „Џабе работи, џабе не седи!“;

Зошто Блен?

Шалавиот дух одговорот на ова прашање ќе го најде во РИЗНИЦА.